Мени

МАНУ и Институтот за македонски јазик треба да го контролираат квалитетот на преводот на оперативнио

        36% од вкупно 746 анкетирани мислат дека квалитетот на преводот на оперативниот систем Виндоус на македонски јазик треба да го контролираат Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за македонски јазик.

        Тоа се резултатите добиени од анкетата што беше спроведена на веб-сајтот на Метаморфозис од 19.04.2004 година до 07.04.2005 година.

        Во тој период посетителите на сајтот можеа да гласаат за една од понудените институции за која сметаа дека е најповикана да го контролира квалитетот на преводот на оперативниот систем Виндоус на македонски јазик.

        При тоа, за поголема регуларноста и веродостојност на податоците, системот на гласање беше така организиран што не дозволуваше повеќекратно гласање од еден ист компјутер.