Мени

Метаморфозис ги поддржува Манилските принципи за одговорност на посредници

Целата комуникација преку интернет ја олеснуваат посредници, како што се интернет-провајдерите, друштвените мрежи и интернет-пребарувачите. Политиките за законска одговорност на посредниците за содржината на комуникацијата влијаат врз правата на корисниците, вклучувајќи ја слободата на изразување, слободата на здружување и правото на приватност.

Со цел да се заштити слободата на изразување и да се создаде поволна средина за иновации, којашто ги урамнотежува потребите на владите и на другите засегнати страни, групите на граѓанското општество од целиот свет се здружија за да ја предложат оваа рамка со основни заштитни мерки и најдобри практики, засновани врв меѓународните инструменти за човекови права и други меѓународни правни рамки.

Шесте Манилски принципи за одговорност на посредници:

1. Посредниците треба да бидат заштитени од сносење одговорност за содржини на трети лица
2. Не смее да се бара забранување на содржината без судски налог
3. Барањата за забранување содржини мора да бидат јасни, недвосмислени и да ја следат соодветната законска постапка
4. Законите, налозите и практиките за забранување содржини мора да бидат во согласност со тестовите за нужност и сразмерност

5. Законите, политиките и практиките за забранување содржини мора да бидат во согласност со соодветната законска постапка
6. Во законите, политиките и практиките за забранување содржини мора да бидат вградени транспарентност и отчетност.

ПОДДРЖЕТЕ ГИ ПРИНЦИПИТЕ