Мени

Метаморфозис и Global Voices на Саемот за волонтери во Скопје

Метаморфозис и Global Voices – Македонија беа дел од саемот за волонтери во организација на Американската амбасада, кој се одржа на 29 октомври 2014 година во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје.

saem-na-volonteri-oktomvri

Идејата на Global Voices  беше одлично прифатена од посетителите на саемот кои можеа да се информираат за тоа што е Global Voices и како би можеле да се вклучат и станат дел од овој глобален проект. Голем број посетители изјавија заинтересираност за приклучување кон тимот на Global Voices.

На саемот учествуваа 13 организации.