Форумот за лична демократија е годишна конференција за тоа како технологијата го менува политичкиот, владиниот и граѓанскиот живот иницирана во САД во 2004 година, а за првпат одржана во Полска во 2013 година. Од тогаш, PDF POLAND CEE стана најголемиот европски настан посветен на технологија, демократија и граѓанско учество на којшто се собираат членови на невладини организации, активисти, државни службеници и новинари од повеќе од 20 земји.

На овој дводневен настан, во текот на сесијата „Општество, формат на молскавични разговори“ на првиот ден од конференцијата (16 април, 2015г.) зборуваше и г. Бардил Јашари од фондацијата Метаморфозис, кој меѓу другото, рече: Секоја држава, пред да биде отворена, дигитална и граѓанска, што беше главната тема на овој форум, треба да биде слободна и да им обезбеди на граѓаните да учествуваат во општествените процеси без да им се загрози сигурноста и приватноста.

CCtPpXCWMAEtE61

Сподели: