Министерството за информатичко општество и админситрација и Министерството за образование и наука, во соработка со Фондацијата Метаморфозис, ги повикуваат сите наставници и професори да се пријават на Европската недела на кодирање (EU Code Week 2018), која ќе се одржи помеѓу 6 и 21 октомври 2018 година на различни локации во повеќе од земји од Европа.

Неделата на кодирање е иницијатива поддржана од Европската Комисија, истата е лансирана за првпат во 2013-та година, и има за цел зголемување на дигиталните вештини во Европа. Во рамките на Европската недела на кодирање во 2017 година беа одржани вкупно 25.089 настани во 52 земји ширум светот, а учество земаа над 1 милион учесници. Македонија активно учествува во Европската недела на кодирање преку пријавување на настани во различни образовни институции, а оваа година сакаме да обезбедиме што поголемо присуство на македонски училишта со што би се зголемил интересот и основните вештини кај најмладите за програмирање и развивање на дигитални вештини.

Со регистрирање на настан секое училиште дава својот придонес за подигнување на свеста кај најмладите за развивање на дигитални вештини, како важна стратешка цел за земјите од Европската Унија. Оваа заложба беше потенцирана и во рамки на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје, за што поддршка добивме и од еврокомесарката Марија Габриел.

Како дел од Европската недела на кодирање, учество може да земе било кој наставник во основните и средните училиште на територијата на РМ, со пријава на 1 наставен час (надвор или во склоп на наставната програма) кој ќе се одржи во рамките на Европската недела на кодирање.

Како да станете дел од Европската недела на кодирање? http://events.codeweek.eu/guide/

Пријавувањето час посветен на програмирање се врши преку регистрирање на наставник, образовна институција и терминот на официјалната веб-локација. При тоа потребно е креирање на профил со корисничко име и лозинка. Рокот за пријавување е 6 октомври 2018 година.

Линк за пријавување: http://events.codeweek.eu/login/?next=/add/

Сите пријавени кои ќе одржат наставен час во рамките на Европската недела на програмирање ќе добијат сертификат за учество.

Како дел од Европската недела на кодирање, Фондацијата Метаморфозис има објавено повик за доделување грантови до 300 евра од програмата „Meet and Code“ за поголеми проекти на кои може да се пријават партнерства од граѓански организации и училишта.

При тоа, просветните работници може да испратат своја идеја (наставен план) за настанот најдоцна до 15 септември 2018 година преку веб-локацијата на Meet and Code. Избраните учесници ќе добијат парична надомест и можност за награда. Проверете кои се условите за аплицирање за грант за „Meet and Code“ преку Метаморфозис и кои се критериумите за избор на доставените идеи.

Услови за аплицирање за грант за „Meet and Code“ преку Метаморфозис: http://metamorphosis.org.mk/aktivnosti_arhiva/grantovi-za-meet-and-code-2018-aplicirajte-do-15-ti-septemvri/

Во прилог дописот испратен од Министерството за образование и наука до сите училишта во земјата.

ДОПИС

Сподели: