На 10 и 11 март, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Младинскиот образовен форум ги организираа првите две тркалезни маси за средношколци на темата слобода на изразување и говор на омраза, со цел да се подигне нивната свест за штетните влијанија на говорот на омраза. На тркалезните маси се обезбедија информации за слободата на изразување наспроти говорот на омраза, за разните видови говор на омраза и последиците од истиот, како и за активностите што ги спроведува Мисијата на ОБСЕ во Скопје и нејзините локални партнери во борбата против говорот на омраза. На тркалезните маси во Скопје и Кичево присуствуваа околу 50 учесници. Се промовираше и првата мобилна апликација против говор на омраза „Не мрази“, изработена од страна на фондацијата Метаморфозис, со поддршката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Република Франција во Македонија.

Следните тркалезни маси ќе се одржат во периодот од 17-20 март во Велес, Тетово и Неготино. Настаните се организираат во рамки на проектот на ExB „Оспособување на младите за справување со говорот на омраза“, поддржан од Француската амбасада во Скопје.

Сподели: