Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Мрежата на институти за анализа на политики (ПАСОС) Ве покануваат на Првиот национален форум за Отворено владино партнерство (ОВП) кој ќе се одржи во среда на 26-ти ноември 2014г. во хотел Арка, Скопје (Адреса: ул. Битпазарска 90/2) со почеток од 10:00ч.

Форумот ќе биде поделен на три сесии, секоја од нив со фокус на по еден важен аспект од ОВП:
(1) Локални иницијативи поврзани со ОВП – споредбени перспективи;
(2) Отворени податоци: можност за граѓанските организации и бизнис секторот (во соработка со фондацијата Метаморфозис);
(3) Институционална комуникација и соработка со граѓанските организации – додадена вредност.

Настанот има за цел да ги собере на едно место сите вклучени чинители чија работа на било каков начин е поврзана со целите на ОВП и да ја подобри соработката меѓу нив. Истовремено, сакаме да ја подигнеме свеста за оваа глобална иницијатива помеѓу пошироката јавност.

Форумот ќе се одржи во рамки на проектот “Застапување за отворена влада”, финансиран од Европската унија, а со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во РМ.

Сподели: