Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза ќе се одржи во петок (30.05.2014) во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза.

Настанот е организиран од Националниот комитет против говор на омраза, a поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со цел претставување на активностите и ресурсите на сите национални институции и организации против говорот на омраза во Република Македонија.

На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од активностите, а воедно ќе бидат дискутирани и натамошните активности, како и можности за натамошно воспоставување соработка меѓу вклучените страни.

Агенда на конференцијата:

10:00 Воведно излагање (Томе Шеќерџиев, претставник од Мисијата на ОБСЕ во Скопје)
Активности против говорот на омраза во Република Македонија
10:15 Националната кампања против говор на омраза : Цели и досегашни активности (Зорица Стаменковска, национален координатор на кампањата)
10:30 Претставување на активностите на Македонскиот Хелсиншки Комитет www.govornaomraza.mk (Уранија Пировска, извршен директор)
10:45 Претставување на активностите на Македонски Институт за Медиуми www.bezomrazno.mk (Билјана Петковска, директор)
11:00 Претставување на активностите на Метаморфозис www.nemrazi.mk (Филип Стојановски, програмски директор)
11:15 Говорот на омраза меѓу младите : Претставување на активностите на СПУКМ во рамки на Националната кампања против говор на омраза (Марија Василевска, генерален секретар на СПУКМ)
11:30 Говорот на омраза меѓу младите : Неформалното образование и критичкото размислување наспроти говорот на омраза (Марјан Забрчанец, извршен директор на МОФ)
11:45 Говорот на омраза меѓу политичките подмладоци: Претставување на активностите на Институт Охрид во рамки на Националната кампања против говор на омраза (Ружица Стојановска, проектен менаџер)
12:00 Прашања и дискусија за презентираните активности
12:30 Дискусија:
– Слабости на досегашните активности
– Натамошни предизвици

Сподели: