Мени

Најава: Дебата на француски и балкански експерти за сајбер-просторот и човековите права

Учесниците ќе слушнат и ќе дискутираат за составниот дел на нашето секојдневие – интернетот. Уставниот совет гледа на интернет пристапот како фундаментална слобода за слободно изразување на идеи и мислења што е од суштинско значење за развојот на демократијата.

Водени од прашањето „Дигитални алатки – можност за зајакнување на човековите права или закана што ги компромитира“ експертите ќе ја анализираат нивната работа, ќе учествуваат на тркалезни маси и ќе го мерат влијанието на дигиталните алатки врз човековите права и демократските практики.

Овој настан е организиран од регионот Долна Нормандија, Меѓународниот институт за мир и човекови права (Каен, Франција), АЛДА и фондацијата Метаморфозис (Скопје, Македонија) во рамките на програмата Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија и мрежата Франција-Балкан.

Извор: alda-europe.eu „Debate on cyberspace and human rights by French and Balkan experts“