Мени

Најава: Глобален дијалог за подготовка на националните акциски планови за Партнерството за отворена власт

Повеќе детали и агендата се достапни на http://go.worldbank.org/1424L0M4D0.

Македонија и Молдавија се меѓу 52 земји членки на иницијативата за отворена власт (која опфаќа развој на платформи за поголема транспарентност, отчетност и граѓанско учество, механизми за следење на квалитетот на услугите, отворени податоци) и развој на политики кои преку иновација треба да поттикнат реформи на јавниот сектор, а со тоа и компетитивноста на земјите. Дел од овие напори се огледаат во придружувањето на Партнерството за отворена власт (ОГП) и нивната одлука да развијата Национални акциони планови за отворена власт до март 2012 година.

Како дел од размената на знаења за отворена власт поддржана од Светската банка, оваа работилница има за цел на учесниците во процесот на градење политики од Македонија, Молдавија и други земји да им ги пренесе искуствата од водечките земји како Бразил, Велика Британија и САД. Целта е новите земји-членки да развијат храбри, но фокусирани Акциони планови кои ќе бидат поднесени до ОГП во април на средбата во Бразил, како и да се зајакне нивната способност за овозможување реформи на јавниот сектор, подобрување на компетитивноста и поттикнување отворени иновации.

Метаморфозис, фондација за Интернет и општество е членка на Алијансата за отворен технолошки развој од Македонија.