На 22 јуни 2015 година, во просториите на ЕУ Инфо Центар во Скопје, со почеток во 11.00 часот, во организација на Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Македонски центар за европско образование и Реактор, ќе се одржи промоцијата на мобилната апликација Picodemocracy.

Целта на оваа апликација е овозможување спроведување анкети во вид на мини-референдуми, односно поставување едноставни прашања на големи групи граѓани од страна на државни тела, општини, НВО, медиуми итн. со цел брзо и ефикасно добивање мислења по одредени прашања. Корисниците на апликацијата имаат можност да одговараат на прашањата од нивни интерес и во реално време да го гледаат мислењето и на другите корисници.

Апликацијата овозможува сите заинтересирани да бидат вклучени до онаа мерка до која тие сакаат, при што граѓаните добиваат повратна информација за одредено прашање, а институциите и организациите имаат можност да го анкетираат јавното мислење на многу едноставен начин.

Оваа апликација е развиена како дел од проектот Акциска мрежа за добро владеење, имплементиран од Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска поддршка на Европската Унија. Проектот има за цел подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учеството во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество за справување со важни општествени прашања.

Вашето присуство на овој настан може да го потврдите најдоцна до 19 јуни (петок), 14.00 часот со испраќање на имејл или телефонски на 3 109 325.

Сподели: