На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи тркалезната маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. Овој настан е во организација на Алијансата за отворени образовни ресурси, а е поддржан од Фондацијата Метаморфозис.

Тркалезната маса ќе се состои од кратки воведни презентации на тема искуства и придобивки од ООР презентирани од релевантни претставници од образовниот, јавниот, бизнис и граѓанскиот сектор, а ќе заврши со дискусија за предизвиците, отворените прашања и идните чекори поврзани со отворените образовни ресурси.

Присутните ќе имаат можност за размена на досегашни искуства, како и идеи и препораки за развој на образованието и отворените образовни ресурси во иднина.

За повеќе информации околу говорниците, погледнете ја агендата.

Сподели: