Мени

Најава за meet up: “Влијанието на технологиите во новинарството”

Во вторник (27.12.2016), со почеток во 15:00 часот, во просториите на Фондацијата Метаморфозис, NetSquared Balkans (Фондацијата Метаморфозис) го организира првиот meet up “Влијанието на технологиите во новинарството” посветена на НВО претставници и новинари.

Овој meet up е најава на 12та конференција “Е-Society”, која ќе се одржи во месец јануари 2017 година во организација на Фондацијата Метаморфозис.

Темите кои ќе бидат презентирани на оваа неформална средба се:

- Алатки за анализирање на податоци и визуелизација како: Tableau, Infogr.am, Piktochart, TimelineJS

- Влијанието на социјалните медиуми во Македонија – презентација на добри и лоши практики

- Користењето на отворени податоци за новинарство базирано на факти

- Промоција на апликацијата “времеплов”, за архивирање на медиумски содржини

За да учествувате на овој meet up, потврдете го вашето присуство на следнава е-мејл адреса: adrijana@metamorphosis.org.mk