metamorphusaid

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, организира јавна дискусија со врвни американски новинари на тема „Можат ли социјалните медиуми да влијаат врз изборите во САД?“ на 18 октомври (вторник), со почеток во 14:30 часот во ГЕМ клубот во Скопје.

Настанот ќе започне со кратка презентација на наградуваните новинари од САД, Барбара и Џон Кокран, по што ќе следи дискусија со учесниците, активни корисници на социјалните мрежи од Македонија.

Барбара Кокран е професор на Факултетот за новинарство во Мисури. Таа целата своја кариера ја има поминато во Вашингтон, а била и претседател на RTDNA – Radio Television Digital News Association. Била и извршен уредник на „Вашингтон стар“, како и потпретседател на Националното јавно радио (National Public Radio – NPR).

Џон Кокран е пензиониран телевизиски новинар, кој ги познава сите претседатели на САД од Двајт Ајзенхауер наваму. Почнал да работи во ABC News во 1994 година како главен репортер од Капитол Хил. Пред да работи во ABC работел за NBC, покривајќи ја работата на администрациите на Реган, Џорџ Буш постариот, Никсон, Форд и Картер.

Агендата на настанот:

  • (14:30) Добредојде – Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис
  • (14:45) Презентација за влијанието на социјалните медиуми врз изборите во САД – Барбара и Џон Кокран
  • (15:30) Прашања и дискусија – модератор Бардил Јашари

 

Влезот на настанот е слободен.

Од логистички причини, Ве молиме најавете го учеството преку е-пошта на goran@metamorphosis.org.mk. Работен јазик на средбата е англиски јазик.

Сподели: