На 03.06.2014 (вторник), 11:00 – 14:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе се одржи работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР.

На работната средба, организирана од Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, на која ќе присуствуваат членови на Алијансата за ООР, ќе се разменат идеи и ќе се дискутира статусот, проблемот, визијата, решението и можните бариери за отворените образовни ресурси во Р. Македонија.

Целта на средбата е од овој состанок да произлезе стратегија и план за работа кои ќе помогнат во реализација на идните активности и продлабочување на соработката меѓу институциите и Алијансата за отворени образовни ресурси.

Сподели: