Мени

Нови седум грантови во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество

Проектот на УСАИД за граѓанско учество (ПГУ) и Фондацијата „Метаморфозис“ со задоволство ги објавуваат грантовите за стратешка поддршка доделени на седум организации по објавеното барање за апликации за грантови (RfA # CEP-SSG-02):

  • Центар за современи уметности;
  • Здружение Женски Форум – Тетово;
  • Фондација за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) Штип;
  • Фондација Агро-центар за едукација;
  • Здружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци Избор Струмица;
  • Факултет за работи што не се учат (ФРУ) ;
  • Центар за граѓански комуникации;

Им посакуваме среќа во спроведувањето на проектните активности во наредните три години.

Подолу e кратка содржина на грантовите кои ќе се спроведуваат во наредните три години.

 

Центар за современи уметности Име на проектот: Креативни заедници
Времетраење: 36 месеци
Корисници: Претставници на локалните заедници,  локални граѓански организации, професионални и експертски асоцијации, заедници (рурални, градски, како и оние од малите градови), општински и граѓани.
Намена и цели: Главна цел на грантот е да го подобри животот на заедниците, чувството на припадност кон нив и да го поттикне креативниот потенцијал на заедницата преку различни форми на иницијативи, акции, настани и активности за јакнење на капацитетот и во таа насока да придонесе за развојот на заедниците во Македонија. Дополнително, преку грантот ќе се работи на развој на заедниците и решавање на нивните проблеми преку реализирање на различни форми на уметнички акции и креативна комуникација.
Здружение Женски Форум – Тетово Име на проектот: Подобрување на гласот на граѓаните, посебно гласот на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво
Времетраење: 36 месеци
Корисници: Граѓани од руралните и урбаните заедници, жени од општина Тетово и 5 рурални општини од Тетово (Теарце, Боговиње, Желино, Брвеница и Јегуновце), координатори на општинските совети за еднакви можности во горенаведените општини.
Намена и цели: Целта на грантот е зајакнување на улогата на членовите на заедниците, поосебно на жените, адресирање на проблемите на заедниците и нивно партиципирање во процесот на носење на одлуки на локално ниво, зајакнување на меѓусебната доверба и соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓаните, да се поттикнат граѓаните да се вклучат во работата на локалните институции и нивните политики.
Фондација за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) Штип Име на проектот: Ефективен механизам за граѓанско учество
Времетраење: 36 месеци
Корисници: Граѓани, локални организации и нивни членови, членови на општинските совети
Намена и цели: Целта на овој грант е да се подобри квалитетот на локалните јавни политики преку зајакнување на капацитетите на општинските совети и на локалните организации во процесот на носење одлуки и мониторирање на локално ниво.
Фондација Агро-центар за едукација Име на проектот: АгрИнклузија
Времетраење: 36 месеци
Корисници: Инвалидни лица кои не се во работен однос од 3 планиски региони (Вардарски, Пелагониски и Полошки) во Македонија и вработени лица во земјоделски компании од  таргетираните региони.
Намена и цели: Главна цел на грантот е да ја зголеми вработеноста на инвалидните лица во земјоделски компании во три плански региони (Вардарски, Пелагониски и Полошки) во Македонија, преку креација, развој и промоција на неформално образование.
Здружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци Избор Струмица Име на проектот: Иновативни социјални реформи за вработување на маргинализирани групи
Времетраење: 36 месеци
Корисници: Индивидуалци кои почнуваат со програма за рехабилитација од зависност од психоактивни супстанци, граѓански организации кои работат со лица зависни од психоактивни супстанци, бизнис сектор, граѓани, локални и национални релевантни институции.
Намена и цели: Целта на овој грант е да се применат најсоодветните механизми за намалување на просторот помеѓу (долгогодишната) невработеност и пазарот на труд за маргинализираните лица – зависни од психоактивни супстанци како и борба против нивната социјална исклученост во Македонија.
Факултет за работи што не се учат (ФРУ)  Име на проектот: Активни простори на заедниците за граѓански промени
Времетраење: 36 месеци
Корисници: Млади артисти и културни работници, млади лица (15-25) години, студенти, волонтери, активисти и локални организации од Скопје, Битола и Штип, локални засегнати страни (општини, институции, компании)
Намена и цели: Целта на овој грант е да придонесе во градењето на отворено, демократско општество на граѓани кои активно ќе учествуваат и слободно ќе ги реализираат своите права.
Центар за граѓански комуникации Име на проектот: Јавно трошење за јавно добро
Времетраење: 33 месеци
Корисници: Граѓани, новинари, граѓански организации, институции и бизнис заедницата
Намена и цели: Главна цел на проектот е да се зајакне ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.