Мени

Обука за анимација и карикатури во соработка со регионот Долна Нормандија

На 21 и 22 јануари, во просториите на Фондацијата Метаморфозис ќе се одржи обука за анимација и изработка на карикатури на која ќе учествуваат по двајца претставници од три дигитални клуба во Македонија, како и вработените во организацијата задолжени за пренесување знаење.

Обуката ќе се реализира во рамките на  проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција“. Истата ќе ја спроведат тројца аниматори од неколку јавни точки за пристап до дигитални технологии во Долна Нормандија.

За потребите на обуката, ќе се користи специјално наменет софтвер – Stop Motion Pro, неколку онлајн ресурси како Тунвеј за креирање и споделување на цртани филмови и Баблака за креирање стрипови, како и техничка опрема: веб камера, видео камерата или фото апарат.

Во текот на наредниот месец, во рамките на проектот, Метаморфозис ќе организира обука за дигитално раскажување приказни за аниматорите во регионот Долна Нормандија.