На 21 и 22 јануари, во просториите на Фондацијата Метаморфозис ќе се одржи обука за анимација и изработка на карикатури на која ќе учествуваат по двајца претставници од три дигитални клуба во Македонија, како и вработените во организацијата задолжени за пренесување знаење.

Обуката ќе се реализира во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција“. Истата ќе ја спроведат тројца аниматори од неколку јавни точки за пристап до дигитални технологии во Долна Нормандија.

За потребите на обуката, ќе се користи специјално наменет софтвер – Stop Motion Pro, неколку онлајн ресурси како Тунвеј за креирање и споделување на цртани филмови и Баблака за креирање стрипови, како и техничка опрема: веб камера, видео камерата или фото апарат.

Во текот на наредниот месец, во рамките на проектот, Метаморфозис ќе организира обука за дигитално раскажување приказни за аниматорите во регионот Долна Нормандија.

Сподели: