IMG_1367

Зошто треба да бидете загрижени за својата дигитална безбедност, надгледување и релации на моќ, модели на закани, шаблони на препознавање и лозинки беа само дел од темите на обуката за дигитална безбедност која се одржа во просториите на Фондација Метаморфозис на 19 август.

IMG_1375Тренер беше Алексеј Сидоренко од руската граѓанска организација „Теплица за социјални технологии“ чија мисија е да развие граѓански апликации, да поврзува граѓански активисти и познавачи на ИТ технологии.

Учесници на обуката беа претставници на Фондацијата Отворено Општество Македонија, Фондацијата Метаморфозис, Порталб, Мета.мк и Сервисот за проверка на факти во медиумите.

Сподели: