Мени

Обука за безбедност на интернет за граѓански организации

20130709-internet-bezbednost

Учесниците имаа можност да се запознаат со добри практики за безбедно и анонимно сурфање, заштита и криптирање на е-пораки, користење на огнени ѕидови (firewall) и безбеден пристап до безжични мрежи. Програмата на обуката се состоеше од четири целини:

  • Мрежна безбедност
  • Социјален инженеринг и социјално вмрежување
  • Безбедно прелистување и огнени ѕидови
  • Е-пошта и безбедност на инстант пораки – онлајн разговори

20130709-internet-bezbednost2

Обуката ја посетија дваесетина активисти од десет организации, кои од сега ќе имаат можност да ги користат техниките за заштита при интернет комуникација.

Оваа обука е дел од проектот на Метаморфозис за поддршка на невладини организации за стратешко користење на ИКТ.

Следни обуки:

  • Друштвени медиуми за одредена кауза
  • Клауд-технологии за невладини организации

Дополнително, Метаморфозис ќе и помогне на секоја НВО да развие план за технологија.