Обуката ја проследија 7 млади новинари, ангажирани во различни медиуми. Целта на обуката е подготовка на новинарите од традиционалните медиуми за успешно вклучување во процесот на дигитализација и спремност за користење на сите технолошки предизвици кои стануваат потреба во нивната професија.

Во текот на обуката, учесниците се запознаа со повеќе аспекти на слободата на изразување на интернет, како што се законските рамки во Република Македонија, цензурата, начините за филтрирање на содржини, можностите за модерирање на коментари и опциите за анонимно објавување.

Понатаму, тие добија практични насоки за пишување и објавување содржини на веб, после што подготвените текстови ги поставуваа на блог и ги уредуваа според правилата.

Вториот ден од обуката беше концентриран на практични предавања за фото-репортерството: користење на опрема за фотографирање, композиција на фотографија, обработка на фотографија наменета за објавување на веб со помош на неколку популарни програми (Google Picasa, Adobe Photoshop Elements и веб сервисот Picnik) и објавување на фотографиите кои учесниците сами ги направија на Flickr.

obuka-za-novinari-1

obuka-za-novinari-2

obuka-za-novinari-3

obuka-za-novinari-4

Дел од обуката опфати правила и опрема за снимање на аудио, како и негово обработување со помош на слободниот софтвер Audacity и објавување на веб-сервисот за споделување на аудио содржини YourListen.

За барање ресурси на веб, учесниците го користеа сајтот Криејтив комонс и преку практична работа ги осознаа правилата за почитување и ограничување на авторските права на интернет.

На 19.06 и 20.06 ќе се одржи вториот дел од обуката, во чиј фокус ќе бидат следните теми:

  • Приватност на интернет
  • Изработка, обработка и објавување на слајдкасти
  • Изработка, обработка, објавување и конверзија на видео содржини
  • Максимално искористување на социјалните медиуми во новинарската работа

По обуката учесниците ќе бидат подготвени за ракување со различна опрема за снимање аудио, видео и фотографирање, користење на неколку различни софтвери од комерцијална природа, како и бесплатни и онлајн варијанти за креирање, обработка и објавување на мултимедија на веб, како и примена на социјалните медиуми во полза на она што новинарите го создаваат во нивната секојдневна работа.

Тренери на обуката се Ирина Шумадиева, Елена Игнатова и Филип Стојановски.

План за обуката за новинари

STYLE–>

Обука за мултимедија и нови медиуми за млади новинари

Минатиот викенд (05.06.2010 и 06.06.2010), во училницата на фондацијата Метаморфозис, се одржа првиот дел од обуката за користење на технички уреди, мултимедија и нови медиуми во новинарството.

Обуката ја проследија 7 млади новинари, ангажирани во различни медиуми. Целта на обуката е подготовка на новинарите од традиционалните медиуми за успешно вклучување во процесот на дигитализација и спремност за користење на сите технолошки предизвици кои стануваат потреба во нивната професија.

Во текот на обуката, учесниците се запознаа со повеќе аспекти на слободата на изразување на интернет, како што се законските рамки во Република Македонија, цензурата, начините за филтрирање на содржини, можностите за модерирање на коментари и опциите за анонимно објавување.

Понатаму, тие добија практични насоки за пишување и објавување содржини на веб, после што подготвените текстови ги поставуваа на блог и ги уредуваа според правилата.

Вториот ден од обуката беше концентриран на практични предавања за фото-репортерството: користење на опрема за фотографирање, композиција на фотографија, обработка на фотографија наменета за објавување на веб со помош на неколку популарни програми (Google Picasa, Adobe Photoshop Elements и веб сервисот Picnik) и објавување на фотографиите на Flickr кои учесниците сами ги направија.

Дел од обуката опфати правила и опрема за снимање на аудио, како и негово обработување со помош на слободниот софтвер Audacity и објавување на веб-сервисот за споделување на аудио содржини YourListen.

За барање ресурси на веб, учесниците го користеа сајтот Криејтив комонс и преку практична работа ги осознаа правилата за почитување и ограничување на авторските права на интернет.

На 19.06 и 20.06 ќе се одржи вториот дел од обуката, во чиј фокус ќе бидат следните теми:

·         Приватност на интернет

·         Изработка,  обработка и објавување на слајдкасти

·         Изработка, обработка, објавување и конверзија на видео содржини

·         Максимално искористување на социјалните медиуми во новинарската работа

По обуката учесниците ќе бидат подготвени за користење на неколку различни софтвери од комерцијална природа, како и бесплатни и онлајн варијанти за креирање, обработка и објавување на мултимедија на веб, ракување со различна опрема за снимање аудио, видео и фотографирање, како и користење на социјалните медиуми во полза на она што новинарите го создаваат во нивната секојдневна работа.

 

Сподели: