logo-sledi-gi-parite-500Обуката имаше за цел да се прикажат добри практики и модели за транспарентност во однос на распределбата и трошењето на буџетот на општините кои би можеле да бидат превземени и применети од страна на општините во Република Македонија. Воедно на обуката биде претставен и веб-сервисот „Следи ги парите“ (www.sledigiparite.mk) и можноста истиот да се користи од страна на општините. Овој веб-сервис преку едноставно и транспарентно прикажување на приходите и расходите на општините од 2008 година, па до денес има за цел да ја доближи фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните.

sledi-gi-parite-opshtini

На обуката присуствуваа по три претставници од 11 општини: лице одговорно за буџетот на општината, лице задолжено за односи со јавност и веб администраторот на општинскиот вебсајт.

Сподели: