Македонските институции кои се дел од оваа мрежа: Метаморфозис, СЕГА – Коалиција на младински организации, ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, ЦИРА – Центар за институционален развој, Федерација на фармери на Македонија (ФФРМ), Гласникот и Асоцијација на градови од Македонија со архитектонско наследство, се фокусираат на развој на една од 6-те оски и тоа:

1. Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ)
2. Млади, образование, локално и европско граѓанство
3. Информирано општество и медиуми
4. Културни и уметнички размени
5. Одржлив туризам и културно наследство
6. Партнерство меѓу локални заедници

Овие области нудат можност за пишување на разни интересни теми, кои од една страна ќе ја истакнуваат работата на партнерите, а од друга ќе го полнат сајтот со богати содржини, до кои пристап ќе има сета интернет-публика.

Обуката за користење на wiki.mk на претставниците од организациите ќе им овозможи практична работа на вики-платформата, односно поголема видливост на активностите на овие организации преку промоција на нивни содржини на оваа платформа, претставување на некој проект, активност која би била интересна за пошироката јавност, резултати од некое истражување и сл.

Веб-сајтот wiki.mk беше создаден како дел од минатогодишниот проект во рамките на децентрализираната соработка, а како дел од него функционираат 3 портали наменети за градовите Скопје, Велес и Дебар. Покрај за овие градови, содржини има и за други места во Македонија.

Сподели: