Мени

Повик за учество во обуки за подобрување на ефикасноста на организациите

Како дел од своите напори за јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за фондации, здруженија на граѓани и други облици на формално и неформално граѓанско здружување за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на нивните активности и мисија преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).

cloudcomputing

Вештините со кои ќе се стекнат избраните организации вклучуваат:

  • Поефикасно канцелариско работење и раководење со/спроведување проекти преку користење клауд технологии (технологии во „облак“)
  • Стратешко користење на социјалните медиуми 
  • Практики за безбедна интернет комуникација. 

Во текот на целиот процес организациите ќе имаат можност да работат со експерт во областа, кој ќе ги идентификува нивните специфични потреби и врз основа на резултатите ќе предложи алатки и дополнителни обуки насочени кон подобрување на ефикасноста на организацијата.

Периодот на спроведување на активностите е април-октомври 2013 година. Ќе бидат опфатени 10 организации, а предност ќе имаат организациите кои ќе покажат спремност за користење на сите вештини опфатени со обуките.

Рокот за пријавување е 24 март, 2013 година.

За дополнителни информации може да се обратите до Елена Игнатова, проектен координатор, на elena@metamorphosis.org.mk или на телефон 02/3109-325.

Рокот за пријавување е изминат и процесот е затворен.