Мени

Од идеја до визуелизација – обука за работа со податоци

fb cover-01Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во рамки на проектот Д.А.Т.А – Анализа на податоци за транспарентност и отчетност (D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability) организира обука за работа со податоци. Обуката ќе се одржи на 4 и 5 мај 2018 година во просториите на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ул. Апостол Гусларот 40, Скопје.

Сите заинтересирани новинари и претставници на граѓанскиот сектор можат да се пријават со пополнување на следниот формулар најдоцна до 30.04.2018 година: https://goo.gl/forms/Pguk8yQhlZNV28bv2

Деталната агенда за обуката можете да ја најдете на следиот линк.

Напомена:

  • Бројот на учесници е ограничен
  • Потребно е учесниците да си понесат лаптоп
  • Со пополнување на формуларот учесниците се согласуваат да присуствуваат за целото времетраење на обуката