Мени

Одбележан денот на отворените податоци

Денот на отворените податоци, 21 февруари, и оваа година беше одбележан во повеќе од 270 различни локации низ светот. Тој претставува собир на граѓани кои ќе имаат шанса да ги споделат своите ставови и гледишта, да работат на ослободувањето на податоците, да креираат различни визуелизации и апликации засновани на отворени податоци.

DSC_2850

Во Скопје, оваа година за прв пат, се одбележа денот  на отворените податоци во ГЕМ клубот. На собирот присуствуваа 15ина ентузијасти од различен профил кои ја искористија можноста да ги разменат своите мислења и искуства, како и да разгледаат неколку инспиративни примери од луѓе кои паметно ги искористиле предностите на отворените податоци.

DSC_2853

 

DSC_2845

Меѓу другото, се разговараше и за шансата за аплицицирање на повикот за добивање на 9 месечна стипендија од програмата School of Data (Школа за податоци) на Open Knowledge Foundation.