Мени

Одржана обука за фото-активизам

Почнувајќи на 12ти декември, со траење од три дена, се одржа првата обука на тема „Фото-активизам“ организирана од страна на Метаморфозис. Обуката ја посетија 12 учесници кои припаѓаат во една од однапред наведените категории: новинари, граѓански активисти и блогери.

За време на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со техничките аспекти на процесот на фотографирање, да стекнат вештини за напредна обработка на фотографии, да слушнат совети и трикови за добра композиција, и ред други работи.

Стекнатите вештини за време на обуката учесниците имаа прилика да ги применат преку практична вежба, за време на која тие фотографираа на однапред зададени теми. Фотографиите добиени на тој начин подоцна беа обработувани, разгледувани и коментирани, повторно со цел зголемување на вештините на учесниците.

Поради големиот интерес за обуката, се планираат уште обуки од овој тип од кои првата е предвидено да се одржи во јануари, 2014 година.

Во продолжение следуваат трите фотографии направени за време на обуката кои учесниците ги избраа за најдобри.

fotoaktivizam3 sajt

fotoaktivizam2 sajt

fotoaktivizam1