Мени

Проект МЕК: Одржана обука за односи со јавност

Проектот МЕК – Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните е поддржан од Европската Унија и е кофинансиран од Фондацијата Метаморфозис со цел да се зајакне капацитетот на комисиите, а се спроведува во партнерство со Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички односи и развој на заедницата Заеднички вредности – Скопје.

IMG00506-20100704-1104На обуката учествуваа 15 претставници на комисиите и општински службеници од четирите пилот-општини: Гостивар, Дебар, Тетово и Чаир. Цел на обуката беше споделување на основни знаења од областа на односи со јавноста, односно односи со традиционалните и новите медиуми, како предуслов за успешно спроведување на идните активности од проектот кои опфаќаат организирање локални јавни настани за приближување на комисиите и населението во пилот-општините.

Главен предавач на обуката беше г-а Вања Мирковски, специјалист по односи со јавност, која ги пренесе своите широки искуства од оваа област преку теоретски модули, споделување примери од работата во деловниот и развојниот сектор, како и преку интерактивни вежби и активности за сите учесници.

 

DSCN0987

Една од вежбите опфаќаше симулација на интервју и анализа на снименото

По обуката учесниците изјавија дека знаењата што ги добиле ќе придонесат за развојот на Комисиите за односи меѓу заедниците во нивните општини, планирајќи дека ќе ги применат во рамки на јавни настани во рамките на проектот и пошироко.

Сите материјали од обуката, како и други е-книги и учебни помагала од оваа област, се достапни во одделот за е-учење: односи со јавност и медиуми на веб-сајтот на проектот МЕК.