Мени

Одржана презентација за политики за приватност на е-продавници

Презентацијата претставуваше водич за пишување политика за приватност, а учесниците се запознаа со тоа што претставува политиката за приватност, што овозможува, како да се создаде, кои се основните начела и чекори за успешно креирање политика за приватност.

Презентацијата претставува продолжување на иницијативата на Метаморфозис за подигнување на знаењата и свеста за потребите од воспоставување соодветни политики за приватност на веб-сајтовите, што перспективно би довело и до зголемување на нивниот број.