Мени

Одржан промотивен настан на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“

На 10ти септември, 2014 година во ГЕМ клубот во Скопје, заедно со претставници од Open Knowledge Foundation – Partnership for Open Data и Амбасадата на Велика Британија во Скопје, имавме шанса да одржиме промотивен настан на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“. На наша огромна чест, воведниот говор на настанот го даде Charles Edmund Garrett, Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, а на настанот присуствуваа 26 претставници од различни граѓански организации од Македонија, владини институции и медиуми.

15089131539_afc2789fe9_z

По споделувањето на повеќе информации околу соработката помеѓу Open Knowledge Foundation и Метаморфозис, присутните беа поканети да учествуваат при одредувањето на препреките и предизвиците со кои граѓанските организации, медиумите и граѓаните се соочуваат при употребата на отворените податоци во Македонија. Исто така, тие имаа шанса да ги проучат сите фази во употребата на отворени податоци, од нивното преземање па до визуализирање на добиените заклучоци.

15252881496_9f2bce5908_z

Целта на проектот имплементиран од страна на Фондацијата Метаморфозис во соработка со Фондацијата Open Knowledge е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за отворени податоци – Македонија.

Повеќе фотографии од настанот може да видите на Фликр профилот на Метаморфозис.