Мени

Одржан првиот Open Data Meetup во Скопје

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation започнa со имплементација на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“ преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

По тој повод, Школата за податоци – Македонија ќе организира редовни средби на кои присутните ќе имаат шанса да споделат, научат, да бидат во тек со новостите на темата и пред се да бидат дел од една заедница.

meetup1

Првата таква средба се одржа на 11ти септември, во просториите на ГЕМ клубот. На средбата беа добредојдени сите кои се заинтересирани, а се приклучија околу 20 новинари, активисти, претставници на Министерството за информатичко општество, претставници на граѓанскиот сектор и совесни граѓани.

meetup2

Настанот го отворија Lucy Chambers, Katelyn Rogers и Daniella Matern, како претставници на Open Knowledge Foundation. Тие откако накратко го претставија концептот на отворените податоци, одржаа куса презентација која меѓу другото вклучуваше и успешни примери за употребата на отворените податоци од целиот свет. По споделените инспиративни приказни, групата разви дискусија покривајќи различни теми поврзани со достапноста и употребата на отворените податоци во Македонија.

Средби од истиот тип ќе има и во иднина и на истите е добредојден да учествува секој кој е заинтересиран.