Мени

Одржан првиот состанок на основната работна група за Националната политика за слободен софтвер

Националната политика за слободен софтвер е документ кој ќе ги содржи основните принципи и насоки за употребата на слободниот софтвер, првенствено во јавните институции, кои ќе служат како основа при работата на други стратегиски и законски решенија. Проектот го имплементира НВО Слободен софтвер Македонија со поддршка од Метаморфозис и ФИООМ, а во соработка со Министерството за информатичко општество на РМ.

На состанокот присуствуваа преставници од:

Тема на состанокот беа следните чекори во проектот,  при што претставниците на институциите ја потврдија спремноста за работа на предвидените активности, во кои спаѓаат формирање на работна група во која ќе бидат поканети да учествуваат претставници на сите заинтересирани страни, подготовка на нацрт на Политиката од страна на работната група преку инклузивен и транспарентен процес и нејзино усвојување од страна на соодветните државни органи.