Мени

Одржан третиот Open Data Meetup во Скопје

Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот “Мрежа на граѓански организации за отворени податоци” на 15.04.2015, среда, го одржа третиот по ред Open Data Meetup во Скопје. Овој пат повеќе од 20 ентузијасти за отворени податоци се сретнаа во кафе-бар Цреша, каде имаа прилика да дискутираат и да ги споделат своите ставови и искуства поврзани со отворените податоци. Собирот траеше 2 часа, за време на кои беа споделени одлични идеи од страна на присутните.

Screen Shot 2015-04-16 at 8.06.54 PM

Средбата ја отвори Дона Џамбаска од Метаморфозис, а воедно и стипендист на програмата School of Data на Open Knowledge Foundation за 2014 година.

На изминатиот митап учесниците се сложија дека би сакале да дознаат повеќе околу законот за пристап до информации од јавен карактер како начин на доаѓање до информации од различен вид. По тој повод на овој митап присуствуваше Наде Наумовска која има огромно искуство во сферата. Таа со другите присутни ја сподели идејата, начинот на функционирање на законот, нејзиното досегашно искуство и детално им објасни како да дојдат до информациите од јавен карактер кои им се потребни.


Screen Shot 2015-04-16 at 8.07.19 PM

 

Присутните се запознаа со веб-страницата www.slobodenpristap.mk која во иднина може да им биде од огромна помош во различни аспекти од процесот на добивање на информации од јавен карактер.

Screen Shot 2015-04-16 at 8.07.09 PM

Целта на проектот имплементиран од страна на Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation, а поддржан од Foreign & Commonwealth Office, е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за отворени податоци – Македонија.