Мени

Одржана дискусија за состојбата со доброто владеење во Србија

Во текот на изминатите години, се забележува одреден напредок во доброто владеење, но сегашната ситуација не е задоволителна, поради неусогласеноста на прописите, значителното политичко влијание во работата на државните органи и недостатокот на човечки и технички ресурси за да може се воведат нови стандарди.

На работилницата, организирана од страна на ЦРТА и одржана на 19.05.2016 со партнерските организации од осум земји, плус земјите на Вишеградската група, заинтересираните страни од институции, граѓанското општество, меѓународни организации и бизниси дискутираа за различни методи за мерење на степенот на добро владеење, како и за предлог начините за подобрување на механизмите на доброто владеење.

IMG_1670

Пратеничката Гордана Чомиќ оцени дека состојбата со доброто владеење во Србија е слаба, бидејќи тоа на повеќето луѓе не им пречи. „Доброто владеење е едноставно, ако се справи во согласност со прописите. Одбивањето да се стори тоа лежи во матрицата на размислувањето: добро би било да се има добра администрација, но треба некој да дојде и да ја воведе”, рече Чомиќ.

Заменик-комесарот за информации од јавно значење Станојла Мандиќ укажа на високиот процент на игнорирањето на барањата за пристап до информации испратени од страна на граѓаните кон институциите, односно во цели 87 проценти.

IMG_1659

Марија Кујачиќ од Дирекцијата за електронско владеење, изјави дека дирекцијата веќе две години го мери нивото на услуги што може да се добијат преку веб-страниците на државните институции. Таа рече дека платформата за е-учество, која има за цел да ги промовира електронски дискусии за прописите, не се развива делумно поради тоа што властите не ги објавуваат сите закони, а делумно поради нискиот број на објавени коментари и мислења за објавените прописи.

Таа истакна дека на 8 јуни, стапи на сила член од Законот за општата управна постапка, кој обврзува дека управата треба да добие документи што веќе постојат во друг државен орган а да не го очекува тоа од граѓаните, и тоа според неа ќе допринесе кон зајакнување на доброто владеење.

IMG_1637

Слободан Марковиќ, советник за ИКТ политики во Националниот регистар на интернет домените на Србија, рече дека лошото владеење е предизвикано од неуслужлиите државни службеници. Тој рече дека средствата предвидени за спроведување на законот се многу мали и како пример тој изјави дека во владината систематизација нема луѓе кои ги следат процесите и ги забележуваат оперативните проблеми. Друг проблем, според Марковиќ, е ниско ниво на техничките капацитет за спроведување на законот.

„Новиот Закон за управна постапка ќе обврзе на размена на информации меѓу органите на државната управа, но нашите институции немаат капацитет да го спроведат тоа, иако предвидена е и казна. Затоа, уште подолго ќе се чека на одговор од администрацијата “, вели Марковиќ.

IMG_1758

Ана Фиртел, извршен директор на Советот на странски инвеститори, рече дека еден од начините за мерење на доброто владеење е извештајот на Светска Банка за условите за владеење. Таа истакна дека минатата година Србија постигна напредок во листата со искачување од 68 на 59-то место, од вкупно 189 земји во светот. Но, ако се погледнат земјите од Европа, Србија е на 32 место од 34 земји.”

Немања Ненадиќ, програмски директор на Транспарентност Србија, рече дека лошото владеење не секогаш е последица од корумпираност, некогаш е резултат на неспособност на различни нивоа.

Миодраг Милосављевиќ од Фондацијата Отворено општество, истакна воведувањето на стандарди кои не можеме да ги достигнеме не е ефикасно, туку дека треба да се води сметка на тоа што може да се спроведе и да биде ефикасно.

IMG_1776

„Прашањето за добро владеење е прилично поврзано со ставот на граѓаните и на државата и како луѓето се гледаат себеси – како граѓани или како поданици”, рече Младен Јовановиќ од Националната коалиција за децентрализација. Според него, голем број на луѓе се сметаат себеси за поданици, поради што граѓанскиот сектор треба повеќе да им помогне на граѓаните во разбирањето на граѓанските слободи.

Искуствата на добро владеење во Југоисточна Европа, го дискутираа и со претставници на партнерските организации: Фондацијата Метаморфозис (Македонија), Центарот за демократска транзиција (Црна Гора), Зошто Не (Босна и Херцеговина), Atlatszo.hu (Унгарија) и Вестминстерската фондација за демократија (Велика Британија).

Целта на ACTION VISEGRAD SEE проектот е промоција на динамично граѓанско општество кое ефективно ќе мобилизира граѓани за активно вклучување кон прашања поврзани со доброто владеење, и кое ќе влијае на политиките и процесите на донесување на одлуки на национално и регионално ниво во Западен Балкан.

 

АКТИОН СЕЕ проектот е поддржан од:

visegrad_fund_logo_blue

и 

Владата на Сојузна Република Германија