На 14 и 15 мај, во хотелот Континентал во Скопје се одржа обуката на тема „Друштвени медиуми, е-владеење и други ИКТ-алатки“ што ја проследија грантистите од проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.

DSC_4815

На првиот ден од обуката претставниците од мрежите, меѓу другото, имаа шанса и да се запознаат со правилата за пишување на веб, основните правила за изработка на соопштение за медиуми, како и да работат во групи за пишување соопштение за медиуми. На вториот ден, тие работеа на изработка на комуникациски план, а се запознаа и со многу други веб-алатки за активно граѓанско учество. На вториот ден од обуката, тие работеа и на повеќе вежби, како на пр. вежбата за размена на идеи – употреба на ИКТ-алатки за поголемо е-учество.

DSC_4876

Оваа обука е трета по ред од циклусот превидени обуки кои се одржуваат овој период, во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, што го спроведува фондацијата Метаморфозис во партнерство со МЦЕТ, со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество”

DSC_4846
.

Сподели: