Мени

Одржана информативна сесија за софтверски донации за организациите на граѓанското општество во Косово

На 10 ноември 2015 г., Секретаријатот на платформата CiviKos во соработка со Фондацијата за граѓанско општество на Косово (KCSF) и Фондацијата Метаморфозис организираа информативна сесија за можностите за добивање софтверски донации преку програмата „Techsoup Balkans” за граѓанските организации од Косово.

DSC_0571_935324

Претставниците на фондацијата Метаморфозис објаснија како организациите на граѓанското општество можат да добиваат софтверски донации и да ги користат сите придобивки што ги нуди технологијата, а којашто придонесува за подобрување на работата на граѓанските организации.

DSC_0578_330454

На оваа информативна сесија присуствуваа 50 претставници на граѓански организации, информирајќи се за тоа како можат да добијат софтверски донации, разговарајќи за потребите на нивните организации и консултирајќи се со тимот на фондацијата Метаморфозис околу соодветноста на софтверските производи со нивната опрема.

DSC_0586_303464

Програмата за донации на Techsoup Balkans нуди широк спектар на софтверски производи за непрофитни организации и јавни библиотеки. За добивање софтверски донации преку оваа платформа, ве покануваме да се регистрирате со пополнување на овој формулар.

Донациите се достапни за непрофитни организации со статус „Здружение на граѓани“ или „Фондација“ во Регистарот на здруженија и сојузи.

Откако ќе завршите со (индивидуалната) регистрација, ве молиме пополнете го формуларот за регистрација за вашата организација.

Фондацијата Метаморфозис овозможува консултирање за идентификација на потребите на вашата организација и е отворена за одговарање на вашите прашања испратени на е-адресата: donations@metamorphosis.org.mk