Мени

Одржана обука на тема „Принципи на отвореност“

На 1ви и 2ри октомври, 2014 година, во Хотел Порта во Скопје се одржа обука на тема „Принципи на отвореност“. На обуката учествуваа претставници од 16 граѓански организации, кои добија поддршка во рамки на повикот од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“.

DSC_7773

DSC_7779

Обуката покри повеќе теми, поделени во различни сесии. Првиот ден беа разгледувани административните процедури при имплементација на проекти, а се дискутираше и зошто доброто владеење е важно за пристапот во ЕУ. Вториот ден учесниците имаа шанса да дознаат повеќе за антикорупциските практики, за принципи на отвореност, транспарентност и отчетност, како и за отворените податоци и нивната употреба.

DSC_7817

DSC_7890

Оваа обука е првата од циклусот превидени обуки кои ќе се одржат во наредниот период, во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.