На 16ти и 17ти мај, во просториите на Хотел Континентал, Скопје се одржна обука за ефикасно истражување и анализа за унапредување на целите на јавните политики и стратегиите за кампањи која ја проследија грантистите од проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“. На обуката присуствуваа претставници од сите мрежи вклучени во проектот.

DSC_4900 За време на обуката, на учесниците им беше пренесено знаење за спроведување на истражувања, изработка на прашалници и анкети, а се обрна големо внимание на обработувањето и толкувањето на податоци добиени преку истражувања. Меѓу другото, грантистите имаа прилика да се запознаат со употребата на различни програми и онлајн алатки кои ќе им ја олеснат работата со податоците и нивната визуелизација и претставување. Учесниците работеа на повеќе практични вежби со цел подобро запознавање со материјалот кој теоретски им беше пренесен.

DSC_4904 Оваа обука е трета по ред од циклусот превидени обукиво рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество”DSC_4948
.

Сподели: