Мени

Одржана обука за ефикасно користење на ИКТ алатки

На 17.09.2016, во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа обука за ефикасно користење на ИКТ алатки, на која присуствуваа 11 претставници на граѓанскиот сектор. На оваа обука беа презентирани и можностите за добивање на донации преку програмата TechSoup Balkans.

14384089_614256715412881_718278367_n

За време на презентацијата исто така се одви мини-работилница на која секој претставник имаше можност да сподели со присутните најдобри практики за одредени алатки.

Исто така присутните имаа можност да научат повеќе за начините како да менаџираат со фан страните на социјалните медиуми и онлајн промоција со цел да се постигне ефективност во работењето.

Оваа обука имаше за цел да поттикне развој на ИКТ технологиите во граѓанскиот сектор и примена на истите на соодветен начин.