На 9ти и 10ти мај 2015 година, во просториите на Хотел Континентал, Скопје се одржа дводневна обука на тема „Инструментот за претпристапна помош – ИПА II“ која ја проследија грантистите од проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.

20150510120636

На обуката учесниците имаа прилика да дознаат за процесот на програмирање на ИПА II, програмите на унијата, а меѓу другото и да се запознаат со електронските алатки што се користат за аплицирање. За време на обуката претставниците од мрежите учествуваа во интерактивни вежби и работа во групи со цел подобро запознавање со темата.

20150510110234
Оваа обука е дел од циклусот превидени обуки што ќе се одржат во претстојниот период во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ што го спроведува фондацијата Метаморфозис во партнерство со МЦЕТ, со финансиска поддршка од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество”.

Сподели: