Мени

Одржана презентација за политики за приватност за претприемачи

Презентацијата претставуваше водич за пишување политика за приватност, базирана на услугите кои би ги нудел веб-сајтот, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија. Учесниците се запознаа со тоа што претставува политиката за приватност, што овозможува, како да се создаде, кои се основните начела и чекори за успешно креирање политика за приватност.

На крајот, учесниците добија примероци од водичот „Како до политика за приватност?“ и постер, кој ја содржи заложбата за заштита на приватноста.

Презентацијата претставува продолжување на иницијативата на Метаморфозис за подигнување на знаењата и свеста за потребите од воспоставување соодветни политики за приватност на веб-сајтовите, што перспективно би довело и до зголемување на нивниот број.