За време на презентацијата учесниците имаа можност да слушнат што е политика за приватност, што овозможува таа, нејзините карактеристики, и како да ја создадат следејќи ги основните чекорите. За време на презентацијата, водичот „Како до политика за приватност“ беше презентиран како значаен ресурс кој содржи практични совети и насоки за процесот на создавање на политика за приватност.

Обуката, во рамките на која се одржа презентацијата, е дел од серијалот обуки кои Ексквизит ги одржува во соработка со Амбасадата на Кралството Норвешка, со цел поттикнување на самовработувањето и развој на претприемачкиот дух кај младите.

Сподели: