Мени

Со почетна средба означен стартот на проектот „Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа“

На 8 и 9 февруари 2016, во Белград, Република Србија, се одржа почетната координативна средба на партнерите во проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа. На состанокот присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис која е воедно и координатор на проектот, како и партнерските организации – Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

20160208112230

На средбата се дискутираа идните чекори и активности во проектот, а присутните ги идентификуваа и меѓусебно споделија предизвиците и добрите практики од своите земји.

20160208112237

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.