На 3 јуни 2014 година, Метаморфозис и Алијасата за отворени образовни ресурси на Македонија одржаа работна средба на тема: Стратегија и план за работа со отворени образовни ресурси (ООР). Средбата се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, а присуствуваа 13 претставници на образовни институции, НВО и индивудуалци кои воедно се и поддржувачи на Декларацијата за ООР, кои дискутираа и разменија идеи за статусот, проблемите, бариерите како и решенијата за отворените образовни ресурси во Македонија.

oor-rab.2

oor-rab.3

Од средбата ќе произлезе стратегија и план за работа кои ќе помогнат во реализацијата на идните активности и продлабочување на соработката меѓу институциите и Алијансата за отворени образовни ресурси.

Сподели: