Мени

Одржана средба на партнерите во проектот ACTION SEE во Белград

20171017_103642

На 16 октомври 2017, во простории на CRTA – Белград, Србија, се одржа средба на партнерите во проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа. На состанокот присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис, која е воедно и координатор на проектот, како и партнерските организации – Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора и CRTA – Центар за истражување, транспарентност и одговорност од Србија.

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

На оваа средба беа разгледани и договорени неколку нови индикатори за мерење, а со цел унапредување на состојбите и подигнување на нивото на ефективност од страна на примерокот кој се следи (институции, Собрание, локална самоуправа, правосудство, итн.).

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.