dst-strugaОд 19 до 21 јуни, во Струга се одржа работилница за дигитално раскажување приказни во соработка со организацијата Фридрих Еберт на која учествуваа 15 луѓе, кои изработија 7 различни видеоприказни.

Темата на работилницата гласеше „Дружење во мултиетничка средина“, а секоја приказна во себе носи некоја специфична порака која се однесува на животот во овој град воопшто.

Работилницата се одвиваше според стандардната методологија за раскажување приказни, па така, откако ги развија сценаријата, учесниците ги снимија своите нарации во аудио формат, а потоа ги збогатија со фотографии и ефекти, што преку видео обработка резултираше во дигитални приказни.

За приказните, меѓу другото, се користеа материјали кои се достапни под Криејтив комонс, а оние кои дозволија нивно прикажување се дадени подолу.

 

Сподели: