Мени

Одржана втора обука против говор на омраза на Интернет

На 4 февруари, 2014 година во просториите на ГЕМ клубот се одржа обука на тема „Борба против говор на омраза на Интернет“ на која присуствуваа 9 учесници. Оваа обука е втора од циклусот обуки на оваа тема кои ќе се реализираат во текот на годината. 

Професорката Мирјана Најчевска го водеше првиот дел од обуката каде зборуваше за препознавање и спротивставување на говорот на омраза. Потоа следеше запознавање со механизмите за пријавување на говор на омраза на социјалните мрежи, како и практична вежба чија цел беше зајакнување на презентациските вештини на учесниците. 

Обуката за борба против говор на омраза на Интернет е дел од иницијативата против говор на омраза која е покрената од МОФ, Метаморфозис, Реактор и Центар за нови медиуми.

Останатите активности од Иницијативата против говор на омраза на интернет, како и други ресурси може да се проверат на веб-локацијата www.nemrazi.mk.