wiki18.10.12Маратоните започнаа со кратка обука за користење на платформата wiki.mk. Учесниците потоа следејќи ги чекорите за поставување, уредување и ажурирање на текстуални содржини и фотографии, започнаа индивидуално да ги внесуваат претходно подготвените текстови и фотографии, користејки ги вики-алатките. За време на овие 2 настани беа поставени околу 50тина текстови.

wiki19.10.12

Овие 2 маратони се последни во низата, а следат по 4те маратони кои претходно се одржаа во Велес и Дебар на кои присуствуваа вкупно 56 учесници и за време на кои беа поставени 70тина статии на македонски, албански и турски јазик, за теми од културата, историјата, традицијата, образованието, и значајни личности од регионот од кој доаѓаа учесниците.

За време на 6 те реализирани маратони, кои се дел од проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поставени се околу 120 нови статии на Вики.мк со што се постигна збогатување на содржините од локално значење.

Сподели: