На 8 и 9 февруари 2018 година, во Скопје, се одржаа обуки за грантистите на проектот ACTION SEE.

IMG_20180208_110527

Првиот ден, 8 февруари, учесниците разменуваа искуства и практики на темите: Што се отворени податоци, најдобри пракси при користење на отворените податоци, собирање, филтрирање, и визуелизирање на отворените податоци, мета податоци, структура на податочни сетови, и други.

Во вториот ден од обуката, 9 февруари, се покрија теми како: можностите кои ги нуди маркетингот на социјалните мрежи, кои социјални мрежи се најоптимални за нашите маркетинг цели, креирање буџет и стратегија за маркетинг на социјалните мрежи, платени реклами – следење и аналитика.

20180209_100349

Со свои претставници на обуките беа грантистите на ACTION SEE:

  • Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – Проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“ цели да го оцени, евалуира и да го подобри тековното ниво на пристап за лицата со попреченост до општинските веб-страници во Северо-источниот Регион во Македонија.
  • Институт за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) – Проектот „Будно око – Платформа за мониторинг на употребата на јавни средства во средното образование во Македонија“ има цел да го подобри надзорот и пристапот до информации поврзани со употребата на јавни стредства во финансирањето на средното образование во Македонија.
  • „Профицио“ – Проектот „Во центарот на вниманието: Надминување на злоупотреба на службената дејност во Македонија“ има цел да придонесе кон воведување на практични механизми за поставување и за институционализирање на високи стандарди за етичко однесување, добро владеење и за избраните вршители на јавни функции, јавни службеници и општата јавност преку лобирање и застапување во Македонија.
  • „Заеднички вредности“ – Целта на проектот „Комисии за меѓуетнички односи и етничките заедници“ е да ги зајакне меѓуетничките односи и институциите на системот во земјата, за да се зајакне демократијата во Македонија и да се забрза процесот за пристап во ЕУ.

 

Во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа беа доделени повеќе грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Вкупно 16 граѓански организации од шест држави и тоа од: Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, адресираат прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото.

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.

Сподели: