Мени

Одржани првите презентации за отворен пристап

Целта на овие презентации е информирање на наставниот и раководниот кадар од факултетите и научно-истражувачките институти за концептот на отворен пристап, предностите од неговата примена и начинот на кој ваков систем може да биде воспоставен на институционално ниво. Воедно, овие презентации го поттикнуваат размислувањето за свртување кон отворен пристап до материјалите од научно-истражувачките списанија кои институциите ги издаваат, како и до разни други конференциски извештаи, презентации, зборници, монографии, магистерски и докторски трудови и сл.

 

 

После презентацијата, следуваше видеото за Диспејс кое поблиску го доближува самото ракување со софтвер за депонирање и користење на документи со отворен пристап.

Посетеноста на двата настани беше задоволителна, при што на втората презентација, покрај претставници од наставниот и раководниот кадар, учество земаа и поголем број на студенти. После двете презентации, предвиденото време за прашања и дискусија беше максимално искористено.

Оваа недела, следуваат презентациите на Економскиот Факултет во Скопје во четврток и на Универзитетот Гоце Делчев во Штип во петок.